Дома Топ вести Меси донесе одлука: ОСТАНУВА во Барселона!

Меси донесе одлука: ОСТАНУВА во Барселона!

Сапуницата околу Лионел Меси полека влегува во својот крај и наскоро и официјално ќе се дознае иднината на Аргентинецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со назнака „ексклузивно“ аргентинската телевизија TyC Sports ја објави конечната одлука на Меси.

Ѕвездата на Барселона донел одлука да остане на „Камп Ноу“ до истекот на договорот, односно до јуни 2021 година.

Претходно денес неговиот татко излезе со соопштение во кое наведе дека „клаузулата од 700 милиони не е валидна“, но брзо стигна одговор од Ла Лига, каде инсистираат дека откупната клаузула е се уште валидна.

За да се избегне судски процес и продолжување на сапинуцата, Меси донел одлука да остане во Барселона уште една година и со тоа ќе стави крај на целата приказна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…