Прво германските, а потоа и сите медиуми објавија дека Томас Тухел доби отказ во ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Францускиот првак брзо ќе именува нов тренер, но никој од ПСЖ освен Мбапе не го искоментира отказот на Тухел.
„За жал, ова е фудбалскиот закон. Никој нема да го заборави времето кое го поминавте овде. Напишавте прекрасна страница во историјата на клубот. Благодарам тренеру.“ – напиша Мбапе на Инстаграм.
Маурисио Покетино, кој веќе ги договорил условите со претседателот на Парижаните, треба да стане нов тренер на францускиот првак.
47-годишниот Тухел со ПСЖ освои две француски првенства, француски куп и Лига куп, а се пласира и во финалето на ЛШ, што е најголем успех во историјата на ПСЖ во европските натпреварувања.
Според Билд, Тухел сака да продолжи да работи во Премиер лигата, а моментално се поврзува со Арсенал.