Францускиот напаѓач Маркус Турам е многу блиску до трансфер во Милан, потврдија италијанските медиуми.
24-годишниот Французин е слободен агент откако му истече договорот со Борусија Мехенгладбах.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој со одличните игри во Бундеслигата го привлече вниманието на многу европски гиганти и имаше понуди од ПСЖ и Лајпциг.
Сепак, последните информации се дека ја избрал понудата на Милан, кој му нуди место во стартниот тим
Турам ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“ и годишно ќе заработува 5 милиони евра.
🚨🚨 @MatteMoretto: #Milan are close to signing Marcus #Thuram. A 5-year contract is ready for the player with one of the club's highest wages. An acceleration is expected in the coming hours. pic.twitter.com/Rj9S6wS8Ce
— Milan Posts (@MilanPosts) June 21, 2023