Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија закажа пријателска: Во Скопје пристигнува Арда Туран и дружината!

Македонија закажа пријателска: Во Скопје пристигнува Арда Туран и дружината!

Фудбалската репрезентација на Турција ќе гостува во Скопје на 5 јуни и ќе игра контролен меч со Македонија, што ќе биде добра подготовка за нашите фудбалери за квалификацискиот меч со Шпанија на 11 јуни.

Македонија и Турција низ историјата имаат одиграно седум натпревари, билансот е една победа на Македонија, едно реми и пет победи на Турција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 1994 и 1995 година Македонија двапати загуби во пријателски натпревари, со 0:2 и 1:2, потоа во квалификацискиот циклус за Мундијалот во 2002 година, Турција победи во Скопје со 1:2, а во реваншот беше 3:3.

И во следниот циклус квалификации, но за ЕП 2004, Македонија и Турција беа во иста група. Двете средби завршија со победа на Турција, во октомври 2002 беше 1:2, а потоа 3:2.

Единствената победа во седумте меѓусебни дуели Македонија ја има забележано во 2006 година, кога во пријателски меч славеше со 1:0.

Во секој случај ова ќе биде одлична прилика љубителите на фудбалот во Скопје да ги видат Арда Туран, Чалканоглу и останатите ѕвезди на турската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…