Дома Останати Тенис Мадрид исполнет со фотографии од Ѓоковиќ

Мадрид исполнет со фотографии од Ѓоковиќ

На два месеци пред почетокот на Мастерсот во Мадрид, главниот град на Шпанија е исполнет со плакати со ликот на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ги освои шпанските навивачи, а за тоа доказ е најновата фотографијата која ни доаѓа од престолнината на Шпанија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Турнирот во Мадрид се игра во период од 26 април до 8 мај, а тоа треба да биде јубилејно 20. издание на турнирот во Шпанија.

Турнирот до 2008 година се играше во затворено на тврда подлога, а од 2009 година премина на отворени терени со земја, кога го презема местото на Хамбург во Мастерс серијата.

Ѓоковиќ славеше трипати, исто како и Роџер Федерер, а рекордер е Рафаел Надал со пет освоени трофеи.

Неодамна и градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида потврди дека Ѓоковиќ ќе биде пречекан во градот без разлика дали е вакциниран или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Болниот пораз скапо ќе биде платен: Ѓоковиќ загуби 500 поени и се соочува со проблеми

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа шестото место на денес објавената АТП листа. Ѓоко…