Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Би сакал повторно да го доживеам венчањето, раѓањето на децата и…

Ѓоковиќ: Би сакал повторно да го доживеам венчањето, раѓањето на децата и…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го прескокна мастерсот во Мајами и за тоа време даде интервју за модниот магазин “Vanity Fair”, пред сè по повод соработката со компанијата за часовници “Hublot”. Сепак, имаше простор и за други прашања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Беше прашан кои моменти од животот би сакал повторно да ги доживее, а многу потешко му беше да одбере од самата тениска кариера.

„Би сакал повторно да ги доживувам толку многу моменти од мојата кариера и приватниот живот: венчањето и тоа што два пати станав татко се искуства кои би сакал бескрајно да ги повторувам. Професионално, би сакал да се вратам во моментот кога за мојата земја освоив златен медал на Олимписките игри во Париз, но и многу други успеси засекогаш се замрзнати во времето“, кажа Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…