
Не само Мајами, туку и Монте Карло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Организаторите на првиот мастерс турнир на земјената подлога оваа сезона ја информираа јавноста дека Новак Ѓоковиќ одлучил да не настапи.
Причините директно не се соопштени, но е упатена пораката „му испраќаме најубави желби и се надеваме дека ќе го видиме наскоро повторно на терените“.
Ѓоковиќ доживеа пораз во осминафиналето на мастерсот во Индијан Велс од Џек Дрејпер, по што објави дека нема да учествува во Мајами оваа недела.
Причината е повреда на рамото која очигледно е сериозна, бидејќи најуспешниот тенисер во светот нема да може да игра ни на отворањето на сезоната на земја од 5. до 12. април.
Новак е двоен шампион во Монте Карло, со титули во 2013. и 2015. година.