Дома Македонски спорт Лука Станковски испратен на позајмица во нов клуб

Лука Станковски испратен на позајмица во нов клуб

Македонскиот фудбалер Лука Станковски во потрага по поголема минутажа до крајот на сезоната ќе игра во турскиот второлигаш Тузласпор.

Во овој клуб Станковски пристигнува на позајмица од Газинатеп. Станковски по вторпат заминува на позајмица откако претходната сезона беше дел од словенечката Горица, тогаш замина затоа што неговиот клуб се откажа од натпреварувањето во Турција поради катастрофалниот земјотрес во таа област.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дел од Газиантеп Станковски е од 2022 година кога пристигна во овој клуб од Работнички, пред да потпише со турскиот клуб беше блиску до преселба во Монца, меѓутоа во последен момент таа опција пропадна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…