Дома Фудбал Партизан го сака и Лука Станковски!

Партизан го сака и Лука Станковски!

Останува уште нешто повеќе од една недела до крајот на преодниот рок во Србија, а Партизан се обидува дополнително да ги засили своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Oткако вчера се појави информација дека Партизан може да се засили со Бојан Димоски, сега се споменува и името на Лука Станковски.

Моцарт спорт пренесува дека Партизан е заинтересиран за средниот играч на терен на Раднички од Крагуевац Лука Станковски (22) кој игра многу добра сезона на Чика Дача.

Поранешниот млад репрезентативец на Македонија пристигна во Крагуевац на позајмица од Газиантеп, но како што Раднички одлучи да ја активира откупната клаузула во износ од 30.000 евра, можат одлично да заработат од него.

Станковски на 14 натпревари постигна три гола, претставува значајна фигура во тимот на Феѓа Дудиќ, а „Трансфермаркт“ го проценува на 800.000 евра, па нема сомнеж дека во Крагуевац очекуваат сериозна заработка од неговата продажба во некој нареден период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…