Дома Фудбал Останато Лоши вести за навивачите на Манчестер Јунајтед пред натпреварот со Барселона

Лоши вести за навивачите на Манчестер Јунајтед пред натпреварот со Барселона

Утре од 21:00 часот Манчестер Јунајтед ја дочекува Барселона во рамките на четвртфиналето од Лигата на Шампионите, а најверојатно ќе биде без помошта на неколку фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денеска на тренингот на Манчестер Јунајтед не се појавија четворица фудбалери. Немања Матиќ, Андер Ерера, Ерик Баи и Антонио Валенсија не беа на тренингот на Солскјер, прашањето е само што е вистинската причина и дали некои од нив четворица утре ќе излезат на теренот против Барселона.

Маркус Рашфорд тренираше со остатокот на екипата и најверојатно ќе биде подготвен за утрешниот натпревар, исто како и Алексис Санчез. Она што е сигурно е дека Немања Матиќ вчера нормално тренираше со остатокот од екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(VИДЕО) Најголемата грешка во кариерата на Муслера, Зеленортските Острови се квалификуваа и ќе играат против светскиот шампион!

Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:…