Дома Фудбал Англија Ливерпул со пенал во 95-та минута остана перфектен (ВИДЕО)

Ливерпул со пенал во 95-та минута остана перфектен (ВИДЕО)

Ливерпул во 8-то коло од Премиер лигата на „Енфилд“ го пречека Лестер и запиша победа од 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата на Јирген Клоп до осмата победа стигна до осмата победа. Ливерпул доминираше и создаваше шанси од самиот почеток, а до предност стигна во 40-тата минута кога Садио Мане погоди после асистенцијата од Милнер.

Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме, а во продолжение Ливерпул продолжи со нападите.

Гостите заиграа нешто подобро создадоа неколку шанси и реализраа една во 80-тата минута кога Медисон погоди за 1:1.

Изгледаше дека Ливерпул ќе го одигра првиот натпревар сезонава во ПЛ на кој нема да победи, но тогаш во 95-тата минута Милнер погоди за 2:1.

Во останатите натпревари Астон Вила го разби Норвич со 5:1, Барнли на свој терен го изненади Евертон со 1:0, додека Вотфорд и Шефилд одиграа без голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Зошто за Белингем не се применуваше новото правило на ФИФА?

Англиската фудбалска репрезентација се соочи со обвинувања за привилегиран судиски третман…