Ливерпул покажува сериозен интерес за ѕбездата на Интер и италијански репрезентативец Николо Барела, пренесуваат медиумите на Островот.
Ливерпул е во потрага по квалитетно засилување за средниот ред, а најголема желба на Клоп е токму Барела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените“ во Италијанецот гледаат идеална замена за Вајналдум, кој го напушти „Енфилд“ ова лето.
Италијанскиот репрезентативец одигра одлична сезона во Интер и е еден од најзаслужните за титулата на „нероаѕурите“.
Интер има финансиски проблеми, па Ливерпул ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и веќе спремил понуда од 60 милиони евра плус бонуси.