Дома Фудбал Репрезентации Летонците против нас постигнуваат гол само ако ние сами си дадеме! (ВИДЕО)

Летонците против нас постигнуваат гол само ако ние сами си дадеме! (ВИДЕО)

Вечерва Македонија го натпреварот од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а наш противник е селекцијата на Летонија.

Летонија не треба да биде проблем за нашите репрезентативци станува збор за селекција која е последна во групата и која досега во квалификациите постигна еден гол, а прими 19.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој еден гол Летонците го постигнаа токму против нас, всушност тоа беше автогол на Дарко Велковски.

Против Летонија сме одиграле два натпревари во историјата и двата беа одиграни во Скопје. Еден беше од пријателски карактер во 2014 година кога славевме со 2:1, а на последниот во овие квалификации ги победивме со 3:1.

И во двата натпревари голот кој го постигна Летонија беше автогол. Во последниот како што споменавме Велковски си ја погоди сопствената мрежа, а во 2014 стрелец на автоголот беше Даниел Георгиевски.

Вечерва се надеваме дека традицијата Летонец да не ни даде гол ќе продолжи и нашата селекција ќе запише уште еден триумф.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гарначо веќе одлучил: Само еден клуб е негова желба!

Aлехандро Гарначо не го брза времето. Изборите не се многубројни, особено ако се размисли …