Дома Трансфер зона Леверкузен не попушта, бара 100 милиони за Хаверц

Леверкузен не попушта, бара 100 милиони за Хаверц

Баер Леверкузен е спремен да го пушти Каи Хаверц ова лето, но само доколку некој клуб понуди 100 милиони евра, пренесува „Кикер“.

Весникот тврди дека Леверкузен нема ништо против дел од сумата да биде во форма на бонуси, но се нагласува дека фудбалерот со сигурност нема да биде продаден до крајот на Лигата на Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа сезона, 21-годишниот Хаверц настапи на 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 гола и запиша осум асистенции.

Најсилен интерес за Германецот покажува Челзи, кој е спремен да понуди 75 милиони евра, но очигледно тие нема да бидат доволни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…