Дома Фудбал Германците бараат Нагелсман да тргне еден играч од стартниот состав за осминафиналето

Германците бараат Нагелсман да тргне еден играч од стартниот состав за осминафиналето

Германската фудбалска јавност не го сака Каи Хаверц во стартниот тим за осминафиналето.

Во Германија беше направена анкета според која навивачите сметаат дека селекторот Нагелсман треба да му даде предност на Никлас Фулкруг од првата минута.

Хаверц беше стрелец на гол од пенал во првиот натпревар со Шкотска, но потоа со Унгарија и Швајцарија не одигра на некое високо ниво.

Навивачите се незадоволни што Нагелсман и понатаму го форсира. Во анкетата која ја направи „Билд“ и во која учествуваа над 140.000 испитаници дури 90% од нив бараат Хаверц да не биде стартер.

Дали и Нагелсман така мисли ќе видиме кога ќе започне осминафиналето…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета чека вести за Зубименди: Повреда со Шпанија пред тежок распоред за Арсенал

Мартин Зубименди не го доигра дуелот со Англија поради проблем со задната ложа. Арсенал ја…