Дома Трансфер зона Леверкузен не го пушта Хаверц додека не заврши Лига Европа

Леверкузен не го пушта Хаверц додека не заврши Лига Европа

Баер Леверкузен ќе смета на Каи Хаверц до крајот на своето учество во Лига Европа, потврди спортскиот директор Руди Фелер.

Хаверц после одличната сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најконкренет интерес покажа Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Хаверц веќе има договор со „сините“ и дека лондонскиот клуб започнал преговори со Леверкузен.

Леверкузен е спремен да го продаде за добра понуда, но само откако ќе го заврши учеството во Лига Европа.

Леверкузен исто така потврди дека Хаверц го цени на 100 милиони евра и нема да го продаде за пониска цена. Од друга страна пак Челзи се надева дека може да го комплетира трансферот за 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се спрема голема „чистка“ во Манчестер Јунајтед: Сигурни се само тројца фудбалери!

Сем Џим Ретклиф најави големи промени во Манчестер јунајтед, а англиските медиуми пишуваат…