Челзи продолжи со лошите резултати во Премиер лигата, а после поразот од Сити Франк Лампард е под голем притисок.
Лампард откако седна на кормилото на Челзи има просек од 1,67 бодови по меч и тоа го прави најлош тренер во ерата на Роман Абрамович, кој го презема клубот во 2003 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според бодовниот учинок пред Лампард се сите други менаџери кој ги донел Абрамович: Аврам Грант (2,31), Жозе Мурињо (2,19), Антонио Конте (2,07), Рафаел Бенитез (1,96), Андре Виљаш Боаш (1,70).
Медиумите на Островот тврдат дека Абрамович веќе нашол замена за Лампард, а најголема желба е Андреј Шевченко.
Шевченко со голем успех ја води украинската репрезентација и тешко дека ќе прифати да ја напушти пред Европското првенство, но следното лето големи се шансите да седне на кормилото на „Стенфорд Бриџ“.