Македонската ракометна репрезентација денеска против Франција го отвара Европското првенство.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, кој на континенталниот собир поведе 18 играчи, го избра составот за денешниот дуел со Франција кој започува од 18 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лазаров за денешниот дуел се реши да ги изостави третиот голман Марко Кизиќ и средниот бек Игор Ѓоргиев.
Состав на Македонија: Митревски, Томовски, Омерагиќ, Велковски, Митев, Талески, Маркоски, Кузмановски, Ненад Костески, Никола Костески, Пешевски, Лазаревски, Јагуриновски, Џонов, Атанасијевиќ, Савревски.