Дома Фудбал Англија Конте си заминал од Лондон, неговата епизода во Тотенхем е завршена!

Конте си заминал од Лондон, неговата епизода во Тотенхем е завршена!

Како што стојат работите, епизодата на Антонио Конте во Тотенхем е завршена. Италијанецот предизвика бурни реакции кога по натпреварот со Саутемптон отворено ја критикуваше управата и фудбалерите.

Атмосферата во тимот е нарушена и Конте очигледно го употреби рецептот на Кристијано Роналдо кој на сличен начин си замина од Манчестер Јунајтед.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Медиумите на Островот пренесувасат и дека Конте веќе го напуштил Лондон со лет на „Рајан Ер“ и се упатил за Рин. Се шпекулира дека добил и дозвола од клубот за такво нешто со напомена дека се водат разговори за неговата иднина. На последниот состанок на раководството била донесена одлуката за смена на тренерската клупа.

Сега Конте би требало да преговара за висината на оштетата која ќе ја добие за предвремен раскин на договорот. Таа нема да биде висока затоа што неговиот договор истекуваше во јуни.

Од друга страна, Тотенхем нема намера да носи нов стратег пред крајот на сезоната и наводно помошникот Рајан Мејсон ќе ја доврши сезоната по што клубот ќе одлучува кој ќе го води тимот во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…