Дома Фудбал Останато Касиљас се потсети на срцевиот удар: Мурињо беше еден од првите луѓе со кои разговарав

Касиљас се потсети на срцевиот удар: Мурињо беше еден од првите луѓе со кои разговарав

Еден од најдобрите голмани на сите времиња Икер Касиљас на 1. мај 2019 година доживеа срцев удар поради што мораше и порано да ја заврши кариерата.

Легендарниот шпански голман на тој 1. мај на тренингот на Порто доживеа срцев удар после кој итно беше префрлен во болница. Касиљас мораше на операција, но имаше желба да се врати на фудбалот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа докторите му порепорачаа да ја заврши кариерата, Икер ги послуша и го направи тоа. Сега легендарниот шпански голман се потсети на тие моменти.

„Малкумина го знаат ова, но господинот Жозе Мурињо беше меѓу првите луѓе со кои разговарав. Освен тоа цело време се јавуваше да ме праша како сум. Се променив од тој ден и се посветив на семејството за да поминувам што повеќе време со нив“, изјави Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …