Тимот на Ливерпул е силно погоден од коронавирусот, а медиумите на Островот пренесуваат дека Лорис Кариус е единствениот голман кој „црвените“ го имаат на располагање за утрешното полуфинале од Лига Купот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ливерпул го чека натпревар со Арсенал, меѓутоа од нивниот табор побараа одложување на овој натпревар поради проблемите со коронавирусот.




Засега не е познато дали тоа нивно барање ќе биде прифатено. Доколку не биде прифатено постои можност Лорис Кариус да настапи за Ливерпул. Тоа за Кариус би било прв настап уште од 2018 година и финалето со Реал Мадрид кога си ја заврши кариерата на „Енфилд“.




Кариус се уште е под договор со Ливерпул, а во изминатите години беше испраќан на позајмици.