Дома Останати Ракомет Карабатиќ претпазлив: Никој не смее да го потцени Вардар

Карабатиќ претпазлив: Никој не смее да го потцени Вардар

Пред денешното финале на фајнал форот во Келн екипата на ПСЖ добива мала предност пред почетокот на средбата, но секако дека после декласирањето на Фелнзбург и вчерашната победа против Барселона никој не смее да се сомнева квалитетот на Вардар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За тоа е свесен и еден од најдобрите ракометари на францускиот клуб Лука Карабатиќ.

„Сите од нас очекуваа европска титула уште пред да стигнеме во Келн, но никогаш не е лесно кога играте против два силна противници во два дена. Сите четири екипи кои се тука имаа еднакви шанси за титула, па така и Вардар. Најголем проблем е одморот, физички воопшто не е лесно. ПСЖ не е тим кој ги потценува своите противници и во финалето мораме да влеземе максимално претпазлици и сконцентрирани“, изјави Карабатиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер од прв шешир во Лига Европа, Охрид остана без вајлд-карта

Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во групната фаза од Европска…