Легендарниот голман Реал Марид и репрезентацијата на Шпанија Икер Касиљас вчера и официјално ја заврши кариерата, па многумина се потсетија на приказната кога неговиот татко поради него останал без милион евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Било тоа одамна, додека Икер бил уште дете, но приказната е навистина легендарна и вреди да се потсетиме.
Таткото на Икер во една прилика му дал да му уплати тикет со 15 парови и добивката била 1.2 милион евра. Сепак, малиот Икер тогаш заборавил да го уплати ливчето, а на крајот сите парови се покажале како точни.
„Кога имав седум или осум години не се сеќавам точно татко ми ме испрати да му уплатам тикет во обложувалница. Одигра 15 парови и сите ги погоди, а јас заборавив да го уплатам ливчето. Ете, се случува. Испадна дека тогаш татко ми поради мене не доби милион евра и за таа ситуација никогаш не зборуваше потоа. Таа сума во тоа време сигурно многу добро ќе ни дојдеше“, се потсти Икер во една прилика.