Италијанските клубови остварија импресивен учинок на меѓународната сезона оваа сезона – Италијанците имаат финалист во секое европско натпреварување.
Интер на 10-ти јуни ќе игра за трофејот во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, Рома на 31-мај во Будимпешта ќе води битка со Севиља за трофејот во Лига Европа, додека Фиорентина на 7-ми мај во Прага ќе се обиде да стигне до трофејот во Конференциската лига против Вест Хем.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сето ова се случува во време кога Серија А изгледа како послаба лига од останатите најдобри првенста, а последен пак вакво нешто се случило пред 25 години.
Во сезоната 1997/1998 Јувентус играше финале во ЛШ против Реал Мадрид, а Интер го совлада Лацио во финалето од Купот на УЕФА.
3 – Three Italian 🇮🇹 clubs will play a final in Major UEFA competitions for the first time since 1997/98 season (Inter-Lazio in UEFA Cup and Juventus-Real Madrid in Champions League in that case). Tricolore.#UCL #UEL #UECL
— OptaPaolo (@OptaPaolo) May 18, 2023
Сега сите три екипи се во различно натпреварување, па постои можност сите европски трофеи сезонава да завршат на Апенините, сепак ќе видиме како се ќе заврши.