Дома Македонски спорт Мак ракомет Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива од гостувањето на Фарски Острови и да се пласира на Светско првенство.

Фарски Острови имаа водство само на почетокот од средбата, по што Македонија го презема водството и стигна до предност од пет гола (15-10).  На пауза заминавме со половина завршена работа и водство од 19:15.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа беше најава за голема  победа  и Македонија во второто полувреме одигра фантастично со целосна контрола  на играта.

Во последните 10 минути Македонија влезе со предност од 30:21, па беше и 31:22, а во 55 минута повторно имавме посакувано водство од осум гола (31:23). 

Клучен момент во овие последни моменти веројатно беше промашувањето и стативата на ракометарите на Фарски Острови.

Пешевски одигра перфектен меч со осум гола од осум обиди, седум гола постигна Филип Кузмановски, а шест Марко Митев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…