Дома Фото Инцидент пред Ла Бомбонера: Каменуван автобусот на гостите

Инцидент пред Ла Бомбонера: Каменуван автобусот на гостите

Бока Јуниорс и Сантос одиграа натпревар без голови во првиот полуфинален натпревар во Копа Либертадорес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот на Ла Бомбонера не донесе голови и многу возбудувања, но затоа после натпреварот делегацијата на гостите имаше непријатно искуство по доаѓањето во хотелот.

Нивниот автобус бил каменуван. За среќа, никој не е повреден иако стаклото пукнало, а најблиску до повреда бил фудбалерот Сотелдо, кој седел на местото каде бил фрлен каменот.

На крајот сепак делегацијата на бразилскиот великан мирно заминала од Буенос Аирес, па во реваншот на свој терен за седум дена ќе се обиде да обезбеди пласман во финалето на Копа Либертадорес.

Таму веќе со едната нога е големиот ривал Палмеирас кој ја прегази Ривер Плата со 3:0 во првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…