Интер е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе може да биде долгорочна замена за Един Џеко.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Босанецот игра одлично оваа сезона, но има 35 години, па Интер веќе започна потрага по негова замена, а прва желба е голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер.




Халер игра фантастична сезона во Ајакс каде на 34 меча постигна 32 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.




Овој 27-годишен напаѓач претходно беше во Вест Хем, но не се прослави во Премиер лигата, а сега во Ајакс игра во животна форма.




Интер стапил во контакт со неговиот агент и медиумите тврдат дека Халер ќе биде примарна цел на „нероаѕурите“ следното лето.
⚫️🔵 #Inter, occhi su Sebastien #Haller per l'attacco 👀
— calciomercato.it (@calciomercatoit) March 16, 2022
Il bomber dell'#Ajax sarebbe la scelta giusta per i nerazzurri❓ pic.twitter.com/ztB5FegzcY