Дома Трансфер зона Интер се засилува со ѕвездата на Монца

Интер се засилува со ѕвездата на Монца

Интер е заинтересиран да го ангажира играчот за врска Андреа Колпани од Монца во јануарскиот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.

„Нероаѕурите“ го посакуваа и минатото лето откако не успеаја да ги осигураат услугите на Лазар Самарџиќ од Удинезе.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Интер веќе во неколку наврати оваа сезона испраќал скаути да го гледаат Колпани. Играчот од средниот ред го застапува истиот агент како и дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, кој добро соработува со „нероаѕурите“.

Колпани игра одлично оваа сезона и веќе постигна четири гола на првите седум натпревари во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…