Дома Трансфер зона Интер го враќа Лукаку, веќе му најде замена

Интер го враќа Лукаку, веќе му најде замена

Интер планира на крајот на сезоната да се раздели со Ромелу Лукаку и веќе му најшол замена на Белгиецот, пренесува „Калчомеркато“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукаку е на позајмица од Челзи, но Белгиецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, па Интер планира да се раздели со него на лето.

Како замена „нероаѕурите“ работат на трансферот на 25-годишниот напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.

Французинот на лето ќе биде слободен агент и може да пристигне без обештетување, а Интер сака да ја победи конкуренцијата.

Интер спремил 5-годишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона и е во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…