Дома Фудбал Репрезентации Инзаги со Алабанија гостува на „Филип Втори“!?

Инзаги со Алабанија гостува на „Филип Втори“!?

Италијанската фудбалска ѕвезда Филип Инзаги би можел да пристигне во Скопје на 5 септември и тоа како селектор на фудбалската репрезентација на Албанија.

Имено, Инзаги е прв фаворит за селекторската позиција на Албанија. Италијанските медиуми пренесуваат и дека од Фудбалската федерација на Албанија веќе стапиле во контакт со легендарниот фудбалер на Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како тренер Италијанецот имаше неуспешна авантура во Милан, па се пресели во клубот Венеција со кој успеа да се избори за промоција во Серија Б. Тој на клупата на Албанија би го наследил Де Биаси кој направи неверојатен успех и минатата година со Албанија настапи на Европското првенство.

Интересено за нас е што Албанија на 5 септември гостува во Скопје, па македонската јавност има голема шанса да го види поранешниот голгетер.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…