Како и после секое коло и после ова, објавена е судиската анализа на ФФМ која овој пат донесува заклучок дека судиите одлично, без грешка си ја завршиле работата во првата и втората лига.
Анализата ви ја пренесуваме во целост:
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судиска анализа за 3. коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 3. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Maкедонија Ѓ.П – ФК Победа одигран на 20.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 25. и 54. минута.
Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветаноски;
25. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во шеснаесетникот на Победа, голманот играше со топката и таа дојде до играч од нападот на Македонија, на него стартуваше голманот и дојде до минимален контакт со играчот.
Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри.
54. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Победа беше во посед на топката и влезе во шеснаесетникот на Македонија, на него стартуваше (рамо со рамо) играч од одбраната на Македонија и играчот на Победа го изгуби поседот на топката и падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејќи стартот беше коректен и немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Брегалница одигран на 21.08.2022 година, анализирана е ситуацијата 75. минута.
Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;
55. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)
Во прекин на игра, играч од одбраната на Брегалница го напушти теренот за игра, се качи на оградата и неспортски се однесуваше кон публиката.
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон на играчот за неспортски однос кон публиката.
На натпреварот ФК Струга Трим Љум – ФК Работнички одигран на 21.08.2022 година, анализирани се ситуациитеод 59, 77, 90. и 90+4 минута.
Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;
59. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЖОЛТ картон)
Играч од нападот на Струга беше во посед на топката странично пред шеснаесетникот на Работнички, на него стартуваше последниот играч од одбраната на Работнички правејки прекршок.
Исправна одлука на главниот судија што додели ЖОЛТ картон во оваа ситуација, бидејки напаѓачот во момент на дриблингот топката ја удри странично од голот на Струга и не беше во очигледна шанса за гол.
ПОЈАСНУВАЊЕ: Во ситуација кога играчот ќе је удри топката нанапред (централно) во тој случај е очигледна шанса за гол и ќе се додели црвен картон.
77. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)
Беше досуден слободен удар за играч на Струга, во истиот момент играчот на Струга над кој беше направен прекршокот, стана и со глава во пределот на лицето го удри играчот на Работнички.
Исправна одлука на главниот судија што додели ЦРВЕН картон за неспортски однос (удар со глава при прекин на игра).
90. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
Играч од нападот на Струга ја имаше во посед топката странично од голот на Работнички, на него неспортски стартуваше на нога без да игра со топката играч од одбраната на Работнички и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија што додели жолт картон за стартот кој беше неспортски, на истиот играч ова му беше втор жолт картон, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
90+4 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
При изведување слободен удар за екипата на Работнички централно од голот на Струга, играч од живиот ѕид на Струга неспортски ја подигна раката во неприродна положба стопирајки ја топката, воедно и го смени правецот на движење на топката.
Исправна одлука на главниот судија што досуди слободен удар за намерна игра со рака (неприродна положба) и што додели жолт картон за играчот од Струга, на истиот играч ова му беше втор жолт картон, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Силекс – ФК Скопје одигран на 21.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 35, 49, 57. и 80. минута.
Главен судија: Крумислав Горгиев; Помошни судии: Кристијан Џонов и Бојан Андевски;
35. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
Играч на екипата на Силекс беше во посед на топката на половината на Скопје, на него стартуваше со јак интензитет (во телото) без да има шанса да игра на топка играч од одбраната на Скопје и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија што додели жолт картон за ирачот на Скопје за неспотскиот старт, бидејки тоа беша втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
49. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)
Центрирана топка странично од голот на Скопје, напаѓачот на Силекс и претпоследниот играч од одбраната на Скопје беа во линија, центрираната топката дојде до играчот од нападот на Силекс и постигна гол.
Исправна, иако многу тешка одлука за асистентот судија, кој е добро поставен во линија со обата играчи, што дозволи играта да продолжи.
57. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)
Играч од нападот на Скопје беше во посед на топката (централно од голот) и имаше отворен простор кон голот на Силекс, на него од зад грб (влечење) стартуваше претпоследниот играч од одбраната на Силекс и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судикија што додели ЦРВЕН картон за играчот од одбраната на Силекс, бидејќи спречи очигледна шанса за гол (беше последен играч од одбраната).
80. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
Играч на Скопје странично од голот, близу аут линијата додаде топка кон соиграч, кој ако ја примеше топката ќе беше во ветувачка акција, на него намерно стартуваше играч од одбраната на Силекс правејќи прекршок и спречувајќи го играчот да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија што досуди слободен удар и додели жолт картон за спречување ветувачка акција, бидејќи тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделн ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Шкендија, немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 1 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Детонит – ФК Беласица одигран на 20.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90+3 минута.
Главен судија: Александар Василевски; Помошни судии: Александар Ѓорѓески и Идриз Идризи;
90+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – црвен картон)
Играч од нападот на Детонит беше во посед на топката и во ветувачка акција странично од шеснаесетникот на Беласица. Пред самиот шеснаесетникот на него со лизгачки старт (на нога) стартуваше играч од одбраната на Беласица спречувајки ветувачка акцијата.
Исправна одлука на главниот судија, досудено слободен удар за Детонит и доделено втор жолт (ЦРВЕН) картон за играчот на Беласица за спречување ветувачка акција.
На натпреварот ФК Караорман – ФК Воска одигран на 20.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 33. минута.
Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Зоран Ангелов;
33.минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено удар од 11 метри)
Играч од нападот на Воска центрираше топка кон соиграч во шеснаесетникот на Караорман, додека патуваше топката кон соиграчот, играч од одбраната на Караорман го турна од зад грб играчот на Воска спречувајќи го да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за туркање од зад грб и доделен жолт картон .
На натпреварот ФК Арсими – ФК Вардар одигран на 20.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 24, 60. и 83. минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
24. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досудено удар од 11 метри)
Играч од нападот на Вардар беше во посед на топката и во напад во шеснаесетникот на Арсими, дојде до минимален контакт со одбранбен играч од Арсими, каде што тој контакт играчот на Вардар го искористи да падне и симулира удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија да досуди индиректен удар против играчот на Вардар и да додели жолт картон за неспортски однос (симулација).
60. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)
Високо додадена топка до играч на Вардар на средина на терен, играчот скокна и намерно ја удри топката со рака сакајки да направи предност во играта и да тргне во напад.
Исправна одлука на главниот судија, играта беше прекината и доделен втор жолт (ЦРВЕН) за играчот за неспортска игра со рака.
83. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Играч од нападот на Арсими беше во посед на топката, истиот ја додаде до соиграч кој беше метро понапред од претпоследниот играч на Вардар и постигна гол.
Исправна одлука на првиот асистент судија да сигнализира офсајд позиција, бидејќи играчот на Арсими беше во недозволена позиција при постигнување на голот.
На натпреварот ФК Саса – ФК Беса одигран на 20.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 85. и 90. минута.
Главен судија: Благојче Ралески; Помошни судии: Петар Степановски и Владимир Митревски;
85. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втрор жолт – ЦРВЕН картон)
Играч на Беса од своја половина додаде топка кон соиграч кој беше во ветувачка акција, во моментот на додавање на топката играч од екипата на Саса стратуваше со јак интензитет во ногата на противникот, но судијата дозволи одлична предност (ветувачка акција).
Исправна одлука на главниот судија по завршувањето на акцијата да додели втор жолт – ЦРВЕН картон за играчот на Саса за старт со јак интензитет на нога на противникот.
90. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досудено удар од 11 метри)
Играч од екипата на Саса беше во посед на топката старнично во шеснаесетникот на Беса, на него стартуваше со лизгачки старт на топка играч од одбраната на Беса и ја изби топката.
Исправна одлука на главниот судија да дозволи играта да продолжи бидејќи немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри, бидејќи стартот беше на топка.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.