Со финалето во средата помеѓу Рома и Севиља заврши Лигата на Европа, а трофејот по седми пати заврши кај шпанска Севиља.
Севиља е рекордер во ва натпреварување, додека капитенот Хесус Навас стигна до признанието за играч на сезоната. Навас сезоната ја заврши со три асистенции во второто по ранг европско натпреварување и за него беше четврти трофеј.
🇪🇸 Jesús Navas takes the award after captaining Sevilla to a 7th #UEL title! 🙌
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) June 4, 2023
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навас доби место и во идеалниот тим на десната бековска позиција, а тука се уште тројца негови соиграчи: Голманот Боно, левиот бек Акуња и „мозокот“ на екипата Хрватот, Иван Ракитиќ.
Финалистот Рома, како и Севиља има четворица претставници:Пелегрини, Матиќ, Дибала и Смолинг.
Преостанатите места ги пополнија Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Бонифаци (Унион СГ) и Тах Баер Леверкузен.