Навивачите на Арсенал се убедени дека јануарско засилување на нивниот тим ќе биде францускиот фудбалер Самуел Умтити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот на Барселона синоќа го следеше натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед од трибините, а откако се „означи“ на „Емирати“, се случи вистинско лудило меѓу навивачите на Топџиите.
Многумина се убедени дека 26-годишниот фудбалер е засилување за Арсенал и наскоро ќе биде официјално промовиран за нов играч на клубот.
Умтити не е стандарден во Барселона. Повредите од минатото имаа влијание врз него, но во Арсенал моментално без никакви дилеми ќе има место во првите 11.
