Ситуацијата во Спортинг Лисабон повеќе нема потреба дополнително да се објаснува. Играчите масовно бараат раскинување на договорите, Бруно Ферандеш веќе успеа, но тој веројатно е само првиот.
Ваквата ситуација сакаат да ја искористат и многу европски клубови кои се обидуваат бесплатно да стигнат до квалитетни играчи. Еден од нив е и лондонски Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „Скај Спорт“, Арсенал во своите редови сака да го доведе португалското крило, Желсон Мартинс. Погодувате – Мартинс е еден од фудбалерите кои побараа раскинување на договорот со португалскиот гигант.
Овој 23 годишен фудбалер во сезоната која е зад на собра 43 настапи, постигна 10 погодоци и така на себе привлече големо внимение од многу клубови. По споменатата ситуација интересот за неговиот потпис е далеку поголем.
Мартинс во овој момент се наоѓа со репрезентацијата на Португалија на Мундијалот во Русија, што е дополнителен доказ за каков фудбалер се работи. Доколку успеат бесплатно да го обезбедат потписот на овој фудбалер навивачите на Арсенал сигурно ќе бидат презадоволни.