Дома Фудбал Официјално: Спортинг експресно назначи наследникот на Аморим

Официјално: Спортинг експресно назначи наследникот на Аморим

Рубен Аморим веројатно ќе мора да ја почека работната виза уште некој ден, но тоа не го менува фактот дека ќе седне на клупата на Манчестер јунајтед.

Португалскиот гигант денеска го назначи и неговиот наследник. Нов тренер на Спортинг ќе биде 40-годишниот Жоао Переира кој пристигнува од вториот тим на Спортинг.

Переира е поранешен португалски репрезентативец кој за својата земја собра 40 настапи.

Кариерата како фудбалер ја започна во Бенфика, а ја заврши во Сопртинг. Го носеше дресот уште на: Брага, Валенсија, Хановер и Трабзонспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навредите за Кинезите и Јапонците го чинеа суспензија: ФА казни судиски контролор

Брајан Керсон доби девет недели забрана за сите фудбалски активности поради дискриминаторс…