Дома Фудбал Англија Еве како би можел да изгледа Манчестер Јунајтед наредната сезона (ФОТО)

Еве како би можел да изгледа Манчестер Јунајтед наредната сезона (ФОТО)

solskjer

Maнчестер Јунајтед изгледа се врати во врвот на англискиот фудбал.

„Црвените ѓаволи“ шеста сезона во низа ќе останат без титулата шампион. Последната ја освоија кога си замина Сер Алекс Фергусон од тогаш следуваа тешки години за екипата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерите се менуваа. Дејвид Мојс, Луис Ван Гал и Жозе Мурињо не успеаа да ја вратат титулата на „Олд Трафорд“. Такво нешто ќе се обиде да направи Солскјер на кого одлично му оди откако на клупата го наследи Мурињо, секако оваа сезона е веќе доцна, но во наредната ќе влезат со големи очекувања.

Манчестер Јунајтед под водство на Норвежанецот игра фантастично. Сепак за да влезе во борба за титулата потребни се засилувања кои се најавени во Манчестер.
Англиски „Мирор“ го објави потенцијалниот состав на Јунајтед за наредната сезона. Во него се вклучени имињата кои во овие моменти се поврзуваат со „црвените ѓаволи.

Со англискиот гигант се поврзуваат многубројни ѕвезди. Помеѓу нив се Хари Мегваер, Калид Кулибали, Џандон Санчо и Фелипе Кутињо.

Денес се појави и вест дека Милан Скринар е нова мета на Јунајтед, но во „Мирор“ предност му даваат на Кулибали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…