Дома Македонски спорт Дориан Бабунски ќе има нов клуб во новата сезона

Дориан Бабунски ќе има нов клуб во новата сезона

Македонскиот фудбалер Дориан Бабунски во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си замина од јапонската Мачида.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бабунски имаше договор со Мачида до јуни 2021 година, но двете страни се разделија на една сезона пред истекот. Македонскиот напаѓач им се заблагодари на луѓето во клубот и истакна дека ќе остане навивач на Мачида.

За Мачида Дориан настапуваше во последните три години. Во Јапонија играше и за Кагошима. Претходно беше дел од Радомељ и Олимпија (Словенија), Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид.

Ќе потсетиме дека Бабунски ги помина младинските категории на Македонија (У21, У19 и У17).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Летово ќе видиме преседан: Вакво нешто никогаш не се случило на Светско првенство!

За првпат во својата историја, Канада се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство…