Дома Македонски спорт Добри вести од Хрватска со повредата на Адеми

Добри вести од Хрватска со повредата на Адеми

Добри вести пристигнуваат за македонската фудбалска репрезентација со повредата на Арјан Адеми во вчерашниот натпревар на Динамо Загреб против Тотенхем.

Се чекаа деталите за повредата кои стигнаа после денешните прегледи. Хрватските медиуми објавија дека Адеми нема посериозна повреда и дека со него се е во ред.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Станувало збор само за посилен удар во коленото кој нема да остави сериозни последици за нашиот фудбалер.

Ваквите вести за нас беа загрижувачки затоа што се наближува Европското првенство кое е за три месеци, а веќе овој месец против Романија на 25. ги започнуваме квалификациите за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Легендата на англискиот фудбал поминал низ пекол: Му се заканувале со смрт на Руни!

Вејн Руни, еден од најпознатите фудбалери на англиската сцена, кој доминираше низ европски…