
Реал Мадрид беше десеткуван од повреди кога го пречека Сити, па гостите од Манчестер, барем според обложувалниците, беа фаворити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Но, на теренот, Реал доминираше и водеше со дури 3:0 на полувремето. Пеп Гвардиола ќе ја памети изведбата на Федерико Валверде до крајот на неговиот живот, кој постигна хет-трик.
Уругвајскиот репрезентативец во 20-тата минута по асистенцијата од Куртоа излезе сам пред Донарума, го заобиколи и лесно погоди за 1:0.
Само седум минути подоцна Винисиус асистира на Валверде, кој како вистински стрелец од левата страна со прецизен удар погоди за 2:0.
Хет-трик постигна во 42-та минута. Реал добро комбинираше пред голот на Донарума, на крајот Брахим Диаз магично го пронајде Валверде, кој го досрва Сити.