Дома Македонски спорт Дени Илиев за позајмицата во Шрусбери: Едвај чекам да бранам, ме советуваа да дојдам тука

Дени Илиев за позајмицата во Шрусбери: Едвај чекам да бранам, ме советуваа да дојдам тука

Пред една недела македонскиот голман Дени Илиев од Арсенал беше испратен на нова позајмица, тој се пресели во Шрусбери Таун и очекува во овој клуб да биде прв голман.

По добивањето на понудата од третолигашот Илиев разговарал со некои пријатели кои играат во англиската Лига 1 и тие го советувале да ја прифати затоа што тоа е добар клуб каде што ќе има шанса да напредува.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога дојде понудата разговарав со луѓето во Арсенал и со некои пријатели кои играат или добро ја познаваат Лига 1 и од повеќемина бев советуван да одам во тој клуб. Среќен сум што дојдов и едвај чекам да почнам да бранам“, изјави Илиев.

Илиев се надева дека ќе има статус на прв голман како што беше случај со позајмицата во Словачка.

„Мојата прва позајмица во Словачка помина добро. Таму играв на 18 натпревари и играњето секоја недела ја гради самодовербата. Кога сте првотимец таа самодоверба расте и ви дава одговорност“, изјави Илиев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…