Дома Македонски спорт Дени Илиев се враќа во Арсенал

Дени Илиев се враќа во Арсенал

Maкедонскиот интернационалец Дејан Илиев по крајот на овој месец ќе се врати во Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Илиев беше на позајмица во Шрузбери, а сега ќе се врати во Арсенал. Македонскиот голман во третолигашот забележа само три настапи во изминатите шест месеци.

Во клубот Илиев пристигна како замена за Матија Саркиќ и токму кога започна да добива минутажа тој се повреди, голманската позиција потоа повторно ја превзема Саркиќ.

Сега Струмичанецот ќе се врати во Арсенал каде што ќе биде трет голман зад Бернд Лено и Рунар Рунарсон. Мат Мејси кој беше трет голман на Арсенал потпиша за Хиберниан од Шкотска па Илиев се враќа да биде на негово место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона остро му одговори на Реал Мадрид и Флорентино Перес

Барселона објави официјално соопштение во кое со остар тон одговори на последните изјави н…