Бесим Демири е првото засилување за македонскиот шампион Вардар во зимскиот преоден рок, а во исто време клубот спогодбено го раскина договорот со Немања Мијушковиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Демири игра на позицијата лев бек, има 22 години, беше дел од академијата на Бешикташ, а со Вардар договори тригодишна соработка. Има настапувано за Шкендија Арачиново, Шкупи и Шкендија од Тетово.
Левиот бек е член на младата репрезентација со која избори пласман на Европското првенство во Полска.
Во исто време Вардар спогодбено се раздели со дефанзивецот Мијушковиќ кој „црвено-црниот“ дрес го носеше во изминатите 18 месеци.