Дома Фудбал Останато Дали „Габигол“ ќе се врати назад во Европа?

Дали „Габигол“ ќе се врати назад во Европа?

Интер во 2016. година го доведе напаѓачот, Габриел Барбоса познат како „Габигол“. Го платија 29,5 милиони евра, а се покажа дека направија огромна грешка.

Младиот напаѓач не успеа да се снајде во италијанскиот тим, постигна само 1 гол, а потоа беше испратен во Бенфика на позајмица. Ниту во португалскиот тим не успеа да ја пронајде вистинската форма и Интер не знае како да го реши овој проблем. На крајот си замина во Сантос на позајмица, каде што повторно игра одлично, а бразилскиот тим сака да остане уште една година на позајмица.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, дали Интер ќе се согласи на тоа?

Неговата позајмица истекува на 31. декември, а тој рече да, доколку мора да го напушти овој тим, тогаш сака да му помогне на Сантос да се квалификува за Копа Либертадорес. Габигол оваа сезона постигна 23 гола во дресот на бразилскиот тим. Претседателот на Интер истакна дека ќе биде многу тешко, но управата на Сантос не се откажува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: На кого „милионите“ ќе му донесат среќа?

Денес продолжуваат полуфиналните дуели од Лигата на шампиони, па очите на фудбалска Европа…