Дома Фудбал Англија „Да беше друг место Солскјер од поодамна ќе добиеше отказ“

„Да беше друг место Солскјер од поодамна ќе добиеше отказ“

Густиот распоред во празничното лудило не е добра вест за Манчестер Јунајтед и Оле Гунар Солскјер.

После бламажат против Вотфорд Солскјер повторно е под притисок и се повеќе се пишува дека ближи кон крајот на неговата авантура на „Олд Трафорд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да беше некој друг и да го немаше тоа носталгично поврзување од поодамна ќе беше сменет“, тврдат медиумите на Островот.

Одредени коментатори тврдат дека Норвежанецот треба веднаш да замине за новиот тренер да има прилика нешто да промени по своја желба во јануарскиот преоден рок.

Други кажуваат дека Јунајтед го чека судбина како Милан кој после Алегри само менува тренери и не прави ништо. На Јунајтед најтешко му оди против тимовите кои се бранат, победија во неколку дерби натпревари, но кога тимот се брани немаат решение.

„Единствена позитивна работа е враќањето на Погба“, изјави Солскјер после болниот пораз. До почетокот на 2020 година Јунајтед го чека натпревар дома против Њукасл кој игра подобро очекувањата и тешко прима голови. Следи гостување во Барнли каде што е тешко да се извлечат бодови, па потоа на 1. јануари ги чека натпревар против Арсенал.

Сезоната ја продолжуваат во ФА Купот против Вулвс, во Лига Купот на 6. Јануари го играат градското дерби со Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…