Дома Актуелно „Гром од ведро небо“: Патрик Шик пред трансфер во Интер!

„Гром од ведро небо“: Патрик Шик пред трансфер во Интер!

После пропаднатиот трансфер во Јувентус, суперталентираниот Чех е пред потпис со големиот ривал на „бјанконерите“, екипата на Интер.

На место промоција во Јувентус, наскоро Патрик Шик би требало да го видиме во боите на Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер експресно реагираше и ја искористи ситуацијата со пропадниот трансфер на Чехот во Јувентус. Во овој момент во тек е завршниот состанок помеѓу двата клуба и до крајот на денот се би требало да биде договорено.

Се претпоставува дека Интер ќе го направи истото што требаше и Јувентус, ќе ја плати клазулата која изнесува 25 милиони евра, можеби и некој милион повеќе за работата да се заврши што побрзо.

Да потсетиме, Јувентус беше на чекор од доведување на момчето кое експлодираше во својата дебитантска сезона во дресот на Сампдорија. Се беше договорено, Шик го помина и првиот дел од лекарските прегледи, но потоа Јувентус се повлече со образложение дека Чехот има срцева мана. Во Сампдорија беа бесни и тврдеа дека во Јувентус само креираат приказни за јавноста и дека Шик е потполно здрав.

Интер не чекаше долго и веднаш тргна за играчот за кого интерес покажа уште во јануари, но тогаш влијанието на Павел Недвед врз младиот фудбалер пресуди тој да го избере Јувентус. Кога Јувентус му го сврте грбот, Интер доби втора шанса и веројатно ќе ја искористи.

Преговорите се во завршна фаза, а се очекува во трансферот да биде вклучен и еден од Давиде Сантон и Андреа Ранокија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…