Дома Македонски спорт Мак ракомет ГРК Охрид го претстави засилувањето од Војводина

ГРК Охрид го претстави засилувањето од Војводина

Ракометниот клуб Охрид го официјализираше новото засилување – нов член на клубот кој има големи амбиции за следната сезона е Живан Пешиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во прашање е искусен кружен напаѓач кој во Охрид доаѓа од редовите на Војводина. Според најавите 30-годишникот треба да биде сериозно засилување на линијата од шест метри.

„Навистина се чувствувам привилегирано што имам можност да сум дел од Охрид и овој проект. Верувам дека ќе ги оствариме поставените цели. Исто така за мене е чест што ќе можам да работам со тренер како Стевче Алушовски кој има така големо искуство. Во новата сезона сакаме уште подобри резултати од актуелната“, порача Пешиќ на промоцијата.

Покрај Војводина Пешиќ го носеше дресот на Веспрем, Адемар Леон, Нексе, Целје и Војводина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонска голманка се откажа од ракометот на 20 години: Понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата…

Македонската ракометна голманка Матеа Чурлиновска, иако има само 20 години, преку емотивна…