Дома Македонски спорт Мак ракомет Гонзалес: По овој триумф треба да уживаме и да се фокусираме кон Германија

Гонзалес: По овој триумф треба да уживаме и да се фокусираме кон Германија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес го изрази своето задоволство по втората запишана победа на нашиот тим на ЕП.

Македонија по триумфот над Црна Гора се наоѓа на лидерската позиција во групата со четири бода, а она што е сигурно е дека во следната фаза нашата селекција сигурно ќе пренесе два бода.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Најпрво сакам да им честитам на моите играчи кои одиграа многу добро. Натпреварот беше одличен. Во првото полувреме игравме тешко во одбраната, не бевме на нашето ниво, но во вториот дел се подобривме, одигравме подобро во секој сегмент, имавме подобра одбрана и успеавме да победиме. Ги освоивме потребните бодови, сега треба да уживаме во оваа победа, па да се фокусираме на мечот со Германија“, истакна Гонзалес по завршувањето на дуелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Георгиевски и Ќосевски остануваат во Вардар!

Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и в…