Голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески од следната сезона ќе го брани голот на унгарски Будакалас.
Ѓорѓески потпиша едногодишен договор и за првпат во својата кариера ќе брани надвор од државава. Сезонава тој имаше неколку одлични настапи на голот на металурзите во Европската лигата и на два пати негови интервенции беа во ТОП 5 во изборот на ЕХФ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во својата кариера тој настапуваше за Куманово, Работнички, Вардар јуниор и Вардар, Пелистер и од 2019 година е во Металург.
Коментари