Дома Фудбал Аудицијата за најтешката „седумка“ е започната – кој ќе го замени Гризман?

Аудицијата за најтешката „седумка“ е започната – кој ќе го замени Гризман?

Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид на крајот на сезоната, а шпанските медиуми веќе почнаа да шпекулираат за потенцијалните замени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според медиумите, на мета на Атлетико повторно е ѕвездата на Пари Сен Жермен, Кан Ин Ли, кој веќе беше поврзуван со мадриѓаните. Овој 25-годишен репрезентативец на Јужна Кореја не е редовен стартер кај Луис Енрике, оваа сезона одигра 32 натпревари, но исклучително од клупата, даде три гола и запиша четири асистенции. Тој наводно е заинтересиран да се врати во Шпанија, каде што настапуваше за Валенсија и Мајорка.

Освен него, се споменува уште одна импресивно име – Мејсон Гринвуд. Англичанецот е првата ѕвезда на Олимпик Марсеј, а Атлетико Мадрид го следи внимателно последниве месеци, но проблем е што Гринвуд е значително поскап од Кан Ин Ли.

Третата опција е – Феран Торес. Веќе пишувавме за интересот на Барселона за Хулиан Алварез, и дека каталонците се подготвени да го вклучат токму Торес во размена. Тој е според вкусот на Матеу Алемани, кој сега е директор на Атлетико, а своевремено го доведе во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона потврди дека Левандовски си оди, а потоа Флик донесе одлука за Рашфорд

Барселона вчера потврди дека Роберт Левандовски по четири години го напушта каталонскиот к…