Дома Фудбал Историска одлука во најва: Манчестер Сити останува без 60 бодови и се преселува во понизок ранг!?

Историска одлука во најва: Манчестер Сити останува без 60 бодови и се преселува во понизок ранг!?

Веќе долго време трае правната битка помеѓу Манчестер Сити и Премиер лигата за наводни финансиски прекршоци од страна на тимот од Етихад.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неодамна Манчестер Сити со 2:0 извојува победа против Арсенал во финалето на Карабао купот, но сè се случува во сенка на 115 обвиненија и истрага за случајот.

Со оглед дека е во тек пауза за репрезентациите и нема натпревари во лигата, фокусот се врати на расправите на независната комисија.

Освен тоа, многумина ја чекаат одлуката за пресудата во овој случај и тоа би можело да ја дефинира сезоната, а можеби и историјата.

И покрај сослушувањата кои траеја 12 недели и кои завршија пред речиси 18 месеци, пресудата сè уште не е изречена.

Сепак, последните информации што дојдоа од Англија навистина се шокантни за сите во Манчестер Сити.

Манчестер Сити наводно ќе биде казнет со одземање дури 60 бодови бидејќи ќе биде прогласен за виновен за кршење на 115 точки на финансискиот ферплеј.

Официјално, ова би требало да биде објавено пред крајот на сезоната, што ќе биде жесток удар за Манчестер Сити.

Тоа би значело дека би биле на дното на табелата и дека сигурно ќе испаднат од Премиер лига и наредната сезона би играле во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…